„ПРЕСТОЛНИНАТА НА ЗАБАВИТЕ“ ГО УКИНА ДАНОКОТ ЗА АЛКOХОЛ: Дубаи станува се полиберален
Дубаи го укина данокот за алкохол од 30 отсто и повеќе не
наплаќа за лиценци за алкохол, кои се потребни за секој што има намера да пие
алкохол.
Ова е само продолжување на трендот на олеснување на законот, откако беше дозволена продажба на алкохол во Дубаи за време на Рамазан, а неговата испорака до домашните адреси беше одобрена за време на пандемијата, наведува BBC.
Оваа законска измена веројатно е резултат на обидот на власта градот да го направи поатрактивен за странците, односно да го поттикне туризмот. Две компании кои се занимаваат со дистрибуција на алкохол во Дубаи, Maritime and Mercantile International (MMI) и African & Eastern, тврдат дека укинувањето на данокот ќе се почувствува на цените за потрошувачите.
Овие неодамна ажурирани регулативи се клучни за продолжување на обезбедувањето безбедно и одговорно купување и консумирање алкохолни пијалоци во Дубаи и ОАЕ“, рече портпаролот на ММИ, Тајрон Рид. Се уште не е познато дали новите правни правила ќе бидат трајни, пишува BBC
Дубаи е познат како „забавна престолнина“ на Персискиот Залив, а има девет пати повеќе странци отколку локални жители. Низ историјата, Дубаи успеал да привлече многу туристи и богати странски работници, делумно поради неговата толеранција за полиберален начин на живот.
Сепак, сега се соочува со зголемена конкуренција од ривалите кои го развиваат својот угостителски и финансиски сектор. Немуслиманите во Дубаи мора да имаат најмалку 21 година за да можат да пијат алкохол, односно да имаат дозвола за алкохол во форма на пластична картичка издадена од полицијата.
EPA-EFE/ALI HAIDER