Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пресметките го изневерија шефот на Adidas!

Пресметките го изневерија шефот на Adidas!
По три години не сме таму каде што мислевме дека ќе бидеме во однос на бројките, призна Херберт Хајнер Шефот на Adidas призна дека германскиот производител на спортски производи направил грешки и не ги оправда надежите на раководството, пренесоа Financial Times. Во говорот пред инвеститорите во баварската централа на фирмата во Херцогенаурах Херберт Хајнер изјави дека средината "донесе непресушен поток од предизвици", вклучувајќи притисок за намалување на трошоците, движење на валутите и слаб пазар во Европа. Во септември Adidas објави предупредување за профитот по драстичниот пад на валутите на новите пазари, слабиот пазар во САД и проблемите поврзани со фабриката на фирмата во Русија. Акциите на Adidas, кои заостануваат зад оние на најголемиот нејзин конкурент Nike, забележаа пад со над 1% до 88,24 евра во попладневната трговија вчера. Компанијата го преполови петгодишен план, чија цел е да се зголеми проажбите до 17 милијарди евра и да постигне маргина на оперативната добивка од 11% до 2015 година. Нето продажба на компанијата за првите девет месеци од оваа година се за малку над 11 милијарди евра во споредба со 11,5 милијарди евра пред една година. Компанијата очекува оперативен маргина од 8,5% за оваа година во споредба со претходната прогноза за 9%. Хајнер исто така, рече дека Adidas имала "лоша среќа" поради повредите на некои од најдобрите спортисти кои ги спонзорираат - како на пример кошаркарска ѕвезда Дерик Роуз, кој минатиот месец се повреди и најверојатно нема да игра во следните недели. За 2014 година Хајнер рече дека очекува оперативната маргина да се зголеми за околу 1%, а приходите да нараснат помеѓу 5% и 9% без известување на девизните движења. Компанијата се надева дека и Светското првенство во фудбал во Бразил следното лето ќе ја зајакне нејзината продажба. Бидејки  како што вели тој „Фудбалот е срце и душа на компанија. Фудбалот го изгради Адидас во великан“. Од неодамна Adidas активно расте во САД, Кина и Русија, како дел од стратегијата за зголемување на продажбата. K.K.
Слично

Поврзани вести