Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСМЕТКА НА ГЕРМАНСКИТЕ СТАТИСТИЧАРИ: Поевтино е да се летува во Хрватска или Шпанија?

ПРЕСМЕТКА НА ГЕРМАНСКИТЕ СТАТИСТИЧАРИ: Поевтино е да се летува во Хрватска или Шпанија?

Kaко што пресметаа германските статистичари, Хрватска е поскапа за туристи од нејзините главни јужноевропски конкуренти Турција, Грција, Португалија и Шпанија.

Што се однесува до туристичките дестинации на југот и југоисточниот дел на Европа, германските статистичари тврдат дека цените се највисоки во Италија. Но, дури и овие цени се сè уште пониски отколку во Германија – за 5 отсто во просек. Најевтино летување има во Бугарија и Албанија. Во Бугарија, ноќевањата во хотел и оброк во ресторан чинат во просек 55 отсто помалку отколку во Германија, а 54 отсто помалку во Албанија.

Федералното биро за статистика во Визбаден објави дека трошоците за хотелски и гастрономски услуги во Шпанија се во просек за 26 отсто пониски отколку во Германија. Германските туристи плаќаат 23 отсто помалку за ноќевања во хотели или оброци во ресторани во Грција, а дури 41 отсто помалку во Турција, пишува Дојче веле, пренесува Дневник.хр.

Сепак, на многу туристички рангирања Хрватска високо котира поради убавите градови. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести