Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСМЕТАНО: Колку пари му требаат на човек за да биде среќен?

ПРЕСМЕТАНО: Колку пари му требаат на човек за да биде среќен?

Добитникот на Нобеловата награда за економија годинава, Ангус Дитон пресметал колку пари се потребни за човек да биде среќен.

Според пресметките на нобеловецот, за човек да биде среќен потребни му се 75.000 долари годишно.

Заедно со неговиот колега Даниел Канеман, тие ги истражувале резултатите од анкетата на американскиот институт  „Галуп-Хилтвејс“ во која учествувале околу 450.000 испитаници.

Но, анкета спроведена во Франција оваа година покажала дека минималната месечна сума по личност треба да изнесува 1.693 евра, а дека личноста се смета за богата доколку има најмалку 5.000 евра месечна заработка.

Според пресметките на Дитон, на секое домаќинство потребни му се 5 500 евра месечно.

Се разбира, овие пресметки се правени и врз основа на животниот стандард во земјата.

Слично

Поврзани вести