Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСМЕТАНИ СЕ ЗАГУБИТЕ: Светскиот туризам во колапс

ПРЕСМЕТАНИ СЕ ЗАГУБИТЕ: Светскиот туризам во колапс

Поради пандемијата, туризмот во светот има загуба од 195 милијарди долари. 

Вирусот го намали бројот на меѓународни пристигнувања од почетокот на годинава до крајот на април за 44 проценти во однос на истиот период лани, објави Светската туристичка организација (UNWTO).

Податоците покажуваат дека до крајот на април, туризмот во Азија и Пацификот бил најтешко погоден со 51 процент помалку странски туристи од минатата година. Европа е на второ место со намалување од 44 проценти.

Зад нив е Блискиот Исток со пад од 40 проценти, Америка со 36 проценти, додека во Африка имало 35 проценти помалку меѓународни туристички пристигнувања од лани.

Во земјава исто така има штети по туризмот, така што над 700 туристички водичи остануваат без проходи поради коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести