Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСЕДАН ЕДИНСТВЕН ВО ЕУ, нема да дозволиме намалување на работничките права, ССМ остро против најавите на Владата

ПРЕСЕДАН ЕДИНСТВЕН ВО ЕУ, нема да дозволиме намалување на работничките права, ССМ остро против најавите на Владата

Сојузот на Синдикатите на Македонија денеска со остра реакција за новините кои ги подготвуваат владините тела. 

- Неевропски вредности на Владата и нејзините претставници кон работниците, синдикатите и колективните договори - пишува Сојузот на Синдикати на Македонија во нивната последна објава на „Фејсбук“ профилот. 

Тие укажуваат оти на 32 седница на претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија - ССМ била донесена едногласна одлука дека ниту еден Колективен договор на ниво на гранка или општ колективен договор не може да биде откажан или ревидиран за одредбите кои имаат фискални импликации со притисок и уцена донесени со заклучок на владина седница.


- Нема да дозволиме намалување на работничките права преку кратење на плати, не исплаќање на додатоци и надоместоци од плата. ССМ и гранковите синдикати при ССМ нема да даваат согласност за било какви измени и дополни на Колективните договори во насока на намалување на работничките права. За ваквиот преседан со директно кршење на Уставот и националните закони како и меѓународните трудови стандарди, ССМ како репрезентативен синдикат ќе ги информира европските и светските синдикални организации, Меѓународната организација на трудот, Европскиот совет, и сите надлежни институции на домашни и светски рамки - потенцираат од ССМ.

Ваквиот преседан, е можеби единствен во рамките на Европската унија, онаму, каде што очигледно нема да стигнеме доколку продолжи ваквиот принцип на неевропски вредности на Владата и нејзините претставници.

Слично

Поврзани вести