ПРЕС НА СЈО ВО 10 ЧАСОТ: Што ќе биде тема на новата истрага на Катица Јанева?
Специјалното јавно обвинителство кое како институција произлезе од договорот од Пржино после одреден период за денес најави нова прес конференција.
Најверојатно специјалните обвинителки ќе презентираат нови информации од работата на СЈО како институција.
Темата е неизвесна, а многумина брифираат дека следна истрага на која ова обвинителство ќе се сконцентрира е проектот „Скопје 2014“.
Одредени медиуми пишуваат дека специјалните обвинителки периодов се интересирале за изградба на спомениците и често ја посетувале општина Центар, чија ревизија покажа дека тие се плаќале многу повеќе отколку што реално чинеле.
Слично
