Прераспределени повеќе од 6,5 милијарди денари за справување со кризата
Прераспределени се повеќе од 6,5 милијарди денари од Буџетот за имплементација на економските мерки донесени за справување со кризата.
Ова е одлука од 39-та седница на Владата.
Владата ја донесе Одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите, согласно која во Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во посебниот дел во првата потколона од колоната Расходи на Основен буџет, се врши прераспределба на средства во износ од 6.542.000.000 денари.
Целта на предложената Одлука е обезбедување на средства за имплементација на економските мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.
