Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преработувачката индустрија со подобри резултати од лани

Преработувачката индустрија со подобри резултати од лани
Податоците на Државниот завод за статистика,покажуваат дека  раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во април 2013 година како поповолна во однос на претходниот месец, a како понеповолна во однос на април 2012 година. Обемот на производството во април 2013 година е поповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во април 2013 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во април 2013 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2013 година изнесува 60.7% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во април 2013 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 26.8%, недоволната домашна побарувачка со 20.6%, финансиските проблеми со 10.4% и неизвесното економско опкружување со 9.4%.
Слично

Поврзани вести