Економија, финансии, бизнис

Контакт

Препораката за евроинтеграции засега спасена, што и порача Брисел на Македонија?

Препораката за евроинтеграции засега спасена, што и порача Брисел на Македонија?

Денеска во Брисел еврокомесарот за проширување го соопшти најновиот извештај за напредокот на земјите кандидати и потенцијални кандидати во евроинтеграциите.

Како што соопштивме, Македонија доби условна препорака што е седма последователна препорака за преговори.

Брисел бара целосна имплементација на договорот од Пржино и започнување со реформи по препораките на ЕУ, а прашањето со преговорите ќе биде повторно разгледано по парламентарните избори кои се закажани за крајот на април.

„Европската комисија предлага преговори со Македонија единствено под услов да се имплементира договорот од јули и итно почнување со реформи од оваа институција, а со ова прашање ќе продолжиме да се занимаваме по парламентарните избори“, истакна еврокомесарот Хан.

Во извештајот објавен на 80 страници ае нотирани бројни критики и забелешки кои се однесуваат на секој сектор: економија, судство, влада, меѓуетнички односи, корупција и мешањето на политиката во институциите, слобода на медиумите.

Брисел им порача на политичките лидер да го имплементираат во целост договорот од Пржино, да покажат политичка волја и да обезбедат целосна независност во судството, како и да и обезбедат непречена работа на специјалната обвинителка која ќе работи на истрагата на материјалите од прислушувањето и содржината кои тие ја имаат.

Слично

Поврзани вести