Економија, финансии, бизнис

Контакт

Препорака за преговори има, Брисел загрижен за состојбата на медиумите, јавниот долг, прашањето за името!

Препорака за преговори има, Брисел загрижен за состојбата на медиумите, јавниот долг, прашањето за името!
Македонија повторно доби препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Во Извештајот кој го објави Европската комисија за напредокот на земјата во последната година, се бара решение на проблемот за името, а се нотираат и слабости во неколку сегменти. “По петти пат комисијата дава препорака за преговори. Се надевам дека земјите членки ќе ја земат сериозно препораката и се надевам Скопје ќе создаде услови за советот да даде зелено светло. Но за тоа прво треба да работи Скопје. Не само да работи околу проблемот за името, туку и за цената што ја плаќа што не напредува и не постигнува компромис за името”, изјави Штефан Филе, еврокомесарот за проширување. Како клучни остануваат забелешките во областа на владеење на правото, слободата на медиумите, политичкиот дијалог и реформата на јавната администрација. Во однос на економските критериуми, комисијата смета дека има ограничен напредок во повеќе сегменти, иако според комисијата некои тенденции предизвикуваат загриженост. „Иако државниот долг се уште е на умерено ниво, тој се зголемува во текот на последните години и дава повод за загриженост. Долгот на Централната влада изнесуваше 33,6% од БДП на крајот на јули 2013 година, во споредба со 27,8% на крајот на 2011 година. Згора на тоа и буџетот на новосоздаденото јавно претпријатие за државни патишта беше исклучен од централниот буџет, и не е повеќе вклучен во пресметките на долгот на централната влада. Во главно, фискалното управување и фискалната дисциплина се влошија и ќе треба спроведување на среднорочната стратегија“, пишува во извештајот на ЕК. Европската Комисија во својот најнов извештај за напредокот на Македонија, најавува мониторинг за финансиското работење и буџетот на земјава. Владата ќе треба да изработи економски акционен план и национална стратегија за реформи и тоа ќе биде еден од условите на Брисел, на ниво со политичките критериуми. Забелешки во економскиот дел на Извештајот има и за функционирањето на пазарната економија, а ЕУ критикува и дека институции се слаби, дека недостига култура на консензус, и дека екстензивно се користат скратените процедури за усвојување закони. Константна забелешка во економскиот дел на Извештајот е и владеењето на правото.
Слично

Поврзани вести