Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕПОРАКА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ И ОНИЕ КОИ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОВИД: Имунитетот од вакцината е многу посилен и подолготраен

ПРЕПОРАКА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ И ОНИЕ КОИ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОВИД: Имунитетот од вакцината е многу посилен и подолготраен

Постои разлика помеѓу природниот имунитет и имунитетот создаден од вакцината против корона вирусот, посочува Павле Зелиќ од српската Агенција за лекови и медицински помагала (АЛИМС) и во изјава за ТВ-Пинк додава дека препораката е да се вакцинираат оние кои прележале Ковид-19.

Тој изјави дека имунитетот стекнат со вакцинација е многу посилен и подолготраен од имунитетот стекнат природно - преку инфекција.

- Се смета дека природниот имунитет трае три или шест месеци, најмногу една година. Имунитетот што се стекнува со вакцинација секако трае една година и има многу поголем број на антитела кои се создаваат - изјави тој за ТВ Пинк.

Како што вели, вакцината не може да ја прими некој што има симптоми на ковид - болест во акутната фаза, но мора да потрае некое време да се излечи, и тогаш е безбедно да се вакцинира.

Говорејќи за несаканите ефекти на вакцината, Зелиќ истакна дека единствениот несакан ефект во Србија е болка и црвенило на местото на апликација. Во другите центри во светот каде се спроведува имунизацијата против Ковид-19, како што наведе, имало случаи во кои се појавиле отоци и црвенило, покачена температура, но сето тоа е очекувано.


Слично

Поврзани вести