Преполовен тимот на Катица, таа вели прекршен е договорот од Пржино!
„Прекршен е договорот“ вака обвинителката Катица Јанева ја дочека одлуката да работи со преполовен тим .
Денешниот Совет на Јавни обвинители донел одлуката која падна на тајно гласање и само седум обвинители се прифатени од 14 кои ги предложи Јанева.
Според пишувањата на дел од медиумите во тимот на Обвинителката влегуваат Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.
Што се однесува до финансискиот план тој е одобрен од Специјалното јавно обвинителство.
Слично
