Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕОДНА ВЛАДА: Колку пари и одговорност „тежат“ министерствата на СДСМ? 

ПРЕОДНА ВЛАДА: Колку пари и одговорност „тежат“ министерствата на СДСМ? 
“Очекувам од новите министри и заменици одговорно да ги спроведат процесите за изборите и да не ги кочат проектите, очекувам одговорно работење. Во моментот кога ќе бидат именувани тие ја превземаат целокупната законска и политичка одговорност пред јавноста. Очекувам работење во согласност со законите , без злоупотреби на функциите за партиски цели. Ќе продолжам будно да го следам работењето на секој министер и заменик министер и да соработувам со нив, но и да реагирам доколку има нешто спротивно на законите или недоследности“, ова беше дел од краткото обраќање на премиeрот Никола Гревски, на собраниската седница на која ги предложи новите министри и заменици министри во преодната Влада. Изјави дека од нив очекува да ги штитат државните интереси и како што рече, да дадат силен учинок во спроведување на демократски избори во земјава. СДСМ и Вмро-Дпмне ќе ги менаџираат “најтешките“ресори… Опозициската СДСМ, според договорот од Пржино, со свои функцонери влезе во пет ресори. Така, СДСМ има свој министер за внатрешни работи и за труд и социјална политика, додека заменици има во Министрството за финанасии, за земјоделство и за информатичко општество. Четири од овие ресори, според сумата на пари со кои располагаат и според групата на граѓани кои ги опфаќаат, се сметаат за стратешки. Еве кои се министерствата кои одсега ќе бидат менаџирана и од Вмро – Дпмне и од СДСМ : Министерството за внатрешни работи Нов министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски. Досегашниот министер Митко Чавков, според Законот за именување на заменици стана дополнителен заменик. МВР беше токму она министрството околку кое се крше политичките копја, преговориуте заглавија и беше интревенирано со засилен пристисок од меѓународната зедница. МВР беше дел аудиоснимките кои ги објави СДСМ, за период кога со овој ресор раководеше тогашната министерка Гордана Јанкуловска. Министерството за внатрешни работи, според предложениот Буџет за 2016 та година ќе располага со скоро 176 милиони евра. Најголем дел од овие пари, односно 164 милиони евра се наменети за оддржување на јавната безбедност. Околу 104 милиони евра се наменети за плати и придонеси. Ова министерство предничи и според бројот на вработени, опфаќајќи 11 329 луѓе. Новиот министер има право да спроведува кадровски измени според новите законски рашенија кои се дел од договорот во Пржино. Министерство за земјоделство Овој ресор доби дополнителен заменик од редовите на СДСМ, односно во ова министерство, опозициската партија влезе преку Љупчо Николовски. Ова министерство се вбројува во групата на ресори кои располагаат со огромен буџет со оглед на тоа што преку него, секоја година се делат стотици милион евра субвенции за аграрот. Буџетот на Министерството за земјоделство изнесува 15,4 милиони евра, но тука се и 140,3 милиони евра, пари кои преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјодеството, завршуваат како субвенции. Но преку ова министерството се спроведува и продажба на државно земјиште, а се менаџираат и проектите поврзани со хидосистемот Злетовица и хидросистемот Лисиче, како и проектот за наводнување на јужна долина на река Вардар. Во ова министерството, според Буџетот за 2016 година ќе бидат вработени 987 луѓе. Како дел од министерството се Државниот инспекторат за земјоделство и Државниот инспекторат за шумарство. Министерството за труд и социјална политика Опозициската СДСМ со свој министер влезе во уште еден ресор која според буџетот со кој располага и категоријата на граѓани кои ги опфаќа, се смета за значаен. Имено, нов министер за труд и социјална политика е Фросина Ташевска-Ременски од СДСМ, додека досегашниот Диме Спасов е именуван за дополнителен заменик. Вкупниот буџет на ова министерство изнесува 632,4 милиони евра. Токму преку овој ресор се распределуваат пари за сите видови на социјална помош, различни надоместоци, трансфери до фондовите за здравствено и пензиско осигуривање како и трансфер на пари до Агенцијата за вработување. Од вкупниот Буџет на министерството, 132 милиони евра завршуваат како паричен надоместок по права од социјална заштита како што се: детски додаток, надоместоци за социјална заштита, надоместоци за цивилни инвалди и за борци и воени инвалид. Една од поголемите ставка, во вредност од 422 милиони евра се транферите до ПИОМ, Фонодот за здравство и Агенцијата за вработуавње. Не само според големината на буџетот, ова министерството предничи и според бројот на вработени кој изнесува скоро 2 000. Овој ресор во своја надлежност ги има изградбата, опремувањето и одржувањето на објекти за детска и социјална заштита, за што во зиминатиот период имаше отворање и промоција на повеќе вакви објекти во присуство на владините претставници. Досегашниот министер Спасов во неколку наврати промовираше и зголемување на социјалната помош и пензиите, трошоци кои се најдоа како составен дел од извешатјот на Европската комисија за напредок на Македонија.   Министерство за финансии   Актуелниот министер Зоран Ставрески за заменик го доби опозиционерот Кире Наумов, остар критичар на сегашните фискални политики. Наумов стана дополнителен заменик кој доби и право на вето во одредени случаи, утврдени со закон. Дополнителниот заменик има право да формира свој кабиент и да има пристап до сите документи и информации, а секторите и службите во министерството се обврзани да му ги доставт на увид сите документи и информации што ќе ги побара. Минстерството за финансии располага со буџет од 602 милиони евра. Ова министерството го става и конечниот потпис на решенијата за вработување во државниот апарт, ги носи одлуките за исплата и наплата, одлучува за задолжувањата дома и во странство. Наумов го прогласи министерството за нетранспарентно и преку партијата до Собранието беше доставен предлог за објавувањње на полумесечни и месечни податоци за буџетските расходи и приходи со образложение дека така ќе се зголеми отчетноста во трошењето на парите. Предлогот беше одбиен. Според првичните оценки на аналитичарите, сега Наумов формално ќе има ингеренции  во менаџирањето  на јавните финасии, но како тоа практично ќе се спроевде, наскоро ќе се знае.   Министерство за труд и социјална политика   По оставката на министерот Иво Ивановски, ова министерството  доби нов министер, Марта Арсовска -Томовска додека како дополнителен заменик од редовите на СДСМ е именуван Александар Кирацовски. Вкупниот буџет на ова министерство изнесува 5,4 милиони евра, од кои 1,2 милиони евра се за плати на вработените. Сепак, овој ресор се смета за значаен бидејќи под негова надлежност е вкупната администрација. Токму платите, бројноста, стручноста на администрацијата се дел од секој извештај на Европската комисија, која инсистира на реформи во администрацијата и вработувања според проефесионалност а не по партиски клуч.          
Слично

Поврзани вести