Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прениски цени: Се „крчка“ нов Закон за водни услуги

Прениски цени: Се „крчка“ нов Закон за водни услуги

Вчера на страната на Министерство за животна средина и просторно планирање излезе соопштение во кое се информира дека е започнат процес на подготовка на предлог закон – Закон за утврдување на цена на водни услуги.

Како што стои во понатамошниот текст, се посочува дека цената на користењето на водата, како и цената на собирање и пречистувањето на урбаните отпадни води (во понатамошниот текст: цена на водоводна услуга) се уредени со Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, како и со Методологијата за утврдување на цената на водата за пиење и одведување на урбани отпадни води (Методологија). Цените на водоводните услуги треба да се определуваат согласност Методологијата, а ги донесуваат советите на општините, врз основа на предлог на градоначалникот и на Јавните комунални претпријатија (ЈКП). Сепак праксата во РМ покажа дека цените најчесто се премногу ниски, и не се во согласност со методологија, што се должи на фактот дека не постои законска основа со која методологијата е задолжителна за примена, како и ниту еден субјект не врши контрола во однос на определувањето на цената на водоводната услуга.

Целта на предлог законот е „Воспоставување на финансиски самоодржлив систем на водни услуги, кој обезбедува висок стандард на дадените услуги со пристапна цена за населението во согласност со целите на Националната стратегија за води на Република Македонија и плановите за управување со подрачјето на речен слив“, стои во соопштението до јавноста.

 

Слично

Поврзани вести