Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕМРЕЖИЕ: “Сонот се претвори во кошмар од кој неможеме да се разбудиме!”

ПРЕМРЕЖИЕ: “Сонот се претвори во кошмар од кој неможеме да се разбудиме!”
Неколку украсни зимзелени дрвца кои успеале да опстојат на налетот на разулавената водена  стихија во дворот на семејството Трајкови од скопското село  Стајковци сведочат  дека само  пред една недела на ова место постоел убаво уреден двор со тревник и детско катче кадешто си играле нивните две деца. Александар Трајков се сеќава дека за неколку часа првиот кат од нивната куќа бил преполн со вода. Под вода останале и трите автомобили во гаражата и двоерот. За миг вели гледавме  како пред очи заминува целата 40 годишна заштеда на моите родителите и  се што вложивме  за реновирање на куќата. 13876616_1257974657548261_5991640924307327727_n “Долниот спрат од куќата е целосно уништен. Влага почна да се јавува и на горниот спрат. Целиот двор е во сено и кал. Надојдената вода носеше се пред себе, во дворот најдовме умрени животни. Господ знае што се има под купиштата сено и кал. Неможам да поверувам како ова ни се случи. Пред една недела децата играа во дворот, безгрижно се бањаа во базенчето, а по неколку часа како да поминал ураган. Се сеќавам дека прво слушнавме силен татнеж, потоа како река да се влеа во куќата и дворот. Мојот татко беше на првиот спрат во обид со крпи да  ја спречи водата да влезе во ходникот, но под силниот притисок стаклото на влезната врата беше искршено, едвај успеав да го спасам. Се повлековме на вториот спрат и немо гледавме како ни се уништува домот. Слушавме повици и гласови за помош но бевме немоќни да реагираме. Нивото на водата растеше, исто и нашиот страв”- вели Александар Трајков. 13886523_1257974494214944_9190287173444512799_n Растревожен е поради се посилната реа која се шири од дворот бидејќи водата донела талог од кал и сено. Деновиве вели стигнала помош од граѓани волонтери од Радовиш и  Неготино кои со колички и лопати го расчистуваат купот смет бидејќи поради непристапниот терен и тесниот простор е невозможно во дворот да се влезе со механизација. Бара поголемо присуство на лекарски тимови на терен кои ќе им помогнат на граѓаните и хронично болните. 13882431_1257974650881595_8159486757040251493_n “Стравуваме од зарази, најмногу поради децата. Ги однесовме кај роднини. Невозможно е да останат тука. Миризбата и реата се шират и на горниот спрат. Господ знае што се ќе извадиме од под сеното. Помагаат и волонтери но непристапно е и мораме се рачно да работиме. Апаратите за домаќинство се целосно уништени, на првиот спрат ѕидовите се мокри. Може да се види линијата до каде била водата. Ни требаат средства за дезинфекција.Пред два дена добивме струја инаку мислам дека состојбата ќе беше повеќе од алармантна”- објаснува Трајков. 13894991_1257974714214922_4374496506315593717_n Мебелот и покуќнината од првиот спрат се целосно потопени со вода и неупотребливи. Ги фрлаат на главната улица и чекаат камиони кои ќе го товарат  уништеното. Според Трајков помош има, но потребна е координирана акција за поефективни резултати. Во Стајковци кое е едно од најпогодените села во реонот кој беше зафатен од поплавите сеуште има куќи каде никој не доаѓа или работат волонтери кои неможат да постигнат секаде да бидат присутни. Потребна е поголема ажурност на екипите за помош. Да има организирано чистење дел по дел за да може да се види сработеното. 13921007_1257974654214928_4504418813714021260_n “Благодарен сум што има помош кај нас. Работат десетина работници. Неуморно. Се чисти прво дворот и стравуваме што ќе  излезе под површината. Откако се смири поплавата и водата малку се повлече, во дворот на соседите  биле пронајдени починати жена и дете. Оваа страотна глетка неможам да ја заборавам, легнувам и станувам со таа ужасна слика. Носиме маски и заштитни ракавици но тоа не е доволно. Сакаме повторно да го видиме својот дом среден и убав. Но како што гледам наоколу тоа се повеќе ми изгледа како  далечен сон. А за секоја педа се радувавме,  се боревме за  своите деца да имаат хармонија, спокој и мир. Нејасно, навистина ми е нејасно зошто и како ова се случи. Имаме три коли сите се уништени, тешко дека ќе проработат”-раскажува жителот на Стајковци. 13938567_1257975204214873_1200581766935180538_n Трајков очекува помош од хуманите луѓе. Секоја помош вели е добредојдена и ќе ја пречекаат со раширени раце бидејќи оваа катастрофа од корен ги смени нивните животи, нивните надежи и планови. Сега вели се фокусираат на санирање на штетите бидејќи се ставени пред нов животен предизвик- да  го вратат животот во нормала, барем приближно на она на кое со радост се сеќаваа и го живееја пред само седум дена. С.Б.
Слично

Поврзани вести