Премногу пари потрошени на странски инвестори, ефектите минимални
За 10 години претходната Влада потрошила 225 милиони евра за привлекување и субвенционирање на странските инвестиции, но резултатите се многу под очекуваното и најавуваното преку медиумите со само 20.000 вработувања и влез на 25 компании.

Портпаролот на Владата на РМ, Миле Бошњаковски пред новинарите ги претстави сознанијата од анализата прикажани низ два столба. Кеш грантови – пари кои биле префрлени директно на сметките на странските инвеститори и Даночни и царински ослободувања, додека пак третиот столб Трошоци за привлекување на странски инвеститори поради обемноста на материјалите допрва ќе биде претставен.



Новото владино раководство ќе ги почитува постигнатите договори и државата ќе ги исполнува обврските кон странските компании, но односот сега ќе се смени.
