Преминот „Евзони“ останува да работи со ограничено работно време
Во новата министерска одлука на грчката Влада за одредбите за влез на странски државјани во Грција, граничниот премин „Евзони“ останува да работи со ограничено работно време.
Преминот Евзони (Богородица) и натаму ќе биде отворен од 7-23 часот (по грчко време), додека преминот Промахонас (Кулата) останува отворен цел ден. Одлуката ќе важи до 7 јуни годинава.
Вообичаено, туристите кои не се информирани за ограниченото работно време на Евзони вечерта ја минуваат во Дојран или Гевгелија.
Слично
