Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ: Ќе има зголемување на минималната плата од јули годинава

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ: Ќе има зголемување на минималната плата од јули годинава

Претседателот на СДСМ и Премиер на Република Северна Македонија Зоран Заев, вчера се обрати пред граѓаните на Куманово и рече дека водат политики со кои сакаат да ја зголемат минималната плата да биде 13 000 денари.

„Ја покачивме минималната плата, но не застануваме. Преговараме за ново зголемување. Минималната плата да биде 13.000 денари, за повеќе пари да завршат кај граѓаните и да се забрза порастот на платите“, рече Заев на граѓанската трибина во Куманово.

Претседателот на СДСМ зборуваше и за повратот на ДДВ, кој треба пробно да биде тестиран во  текот на наредните месеци. А бенефит од повратот на Данокот на додадена вредност да го почувствуваат граѓаните, но и државата.

Заев истакна дека земјава и економијата се движат напред, и дека на декемврискиот самит очекува да добиеме полноправно членство во НАТО.


Слично

Поврзани вести