Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот во посета на поплавено Тетово, најави помош од институциите

Премиерот во посета на поплавено Тетово, најави помош од институциите
Откако вчера попладне Тетово беше зафатено од силно невреме и поројни дождови, премиерот Никола Груевски ја посети Голема Речица која претрпе очигледно огромни штети каде со вицепремиерот Пешевски, министерот за одбрана Јолевски и министерот за внатрешни работи Чавков ја следеле состојбата на терен. - Само што ја примив информацијата за невремето и големите поплави што го зафатија Тетово и Тетовско разговарав со десетина луѓе од различни институции за што побзо да им се помогне на луѓето од погодените места. Веднаш потоа, заедно со вицепремиерот Пешевски, министерот за одбрана Јолевски и министерот за внатрешни работи Чавков се упативме на местата погодени од поплавите. Бевме во Голема Речица и таму состојбата е навистина лоша. Од разговорите со жителите ми беше кажано дека дошло до излевање на реката од надојдените води. Има и информации за жртви и сакам да им упатам сочувство до семејствата на настраданите, изјави доцна синоќа премиерот Груевски по посетата на болницата. Според последните информации, како што рече, состојбата е најлоша во Шипковица, но првите екипи веќе влегле таму. - Ние ќе одиме да видиме каква е состојбата. Ја посетивме и тетовската болница каде од директорот бевме информирани дека тука биле донесени две починати лица, како и девет повредени, од кои едно е испратено во Скопје поради тежината на повредите и едно е задржано за лекување тука. Жалам што се случи ова, но максимално се ангажирани сите инстутуции и на централно и на локално ниво да им се помогне на луѓето во погодените места, истакна премиерот Груевски. Исто така, доаѓаат на испомoш и оние фирми кои Владата ги има ангажирано за овој регион. За денеска е закажана и владина седница по повод предизвиканите поплави од обилните врнежи на која ќе се разгледаат состојбите и ќе се утврдуваат натамошните активности, пред се помошта за населението и субјектите.
Слично

Поврзани вести