Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот утре во посета на САД

Премиерот утре во посета на САД

Додека европратениците се очeкува да пристигнат утре во Скопје, премиерот Никола Груевски ќе отпатува во Соединетите Американски држави каде ќе има средба со потпретседателот на САД, Џо Бајден, во Белата Куќа во Вашингтон.

Теми на разговор се очекува да бидат продлабочувањето на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања, како и интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.

Во истиов период има зачестини средби на релација Македонија-Грција во однос на спорот за името, па се претпоставува дека спорот ќе биде една од главните теми на разговор меѓу Груевски и Бајден, пренесе МИА.

Слично

Поврзани вести