Премиерот попушти, но пленумци не се наивни!
Со неизвесност сите чекаа коментар од Студентскиот пленум за денешните настани и средбата со премиерот Груевски.
По долги часови полемика и здрава расправа по денешната средба во Владата на РМ, пленумци се сложни во ставот дека очигледните аргументи на нашите соборници го убедија Премиерот во апсурдноста на сопствениот закон, велат од Студентскиот пленум.
Денеска премиерот попушти, но пленумците велат дека не се наивни.
„Сосема е позната законската процедура: прв чекор кон укинување на закон е мораториум односно одложување на веќе донесениот. Првиот чекор ќе го сметаме за исполнет ако го видиме изгласан во собраниска процедура. Следниот е донесување на целосно нов закон. Нашата борба е студентите да бидат постојано и дирекно вклучени во негово креирање како неодминлив и релевантен фактор. Ако тоа не се случи отвореноста и подготвеноста на нашата влада ќе бидат се нелегитимни. Тие би биле обично ретерирање, одложување на револтот, страв... Во тој случај наша граѓанска должност останува бунтот“, порачуваат од Студентскиот пленум .
Истакнаа дека поучени од досегашната транспарентност и инклузивност, остануваат будни и прогласуваат автономна зона.
Студентскиот фронт не е затворен, соопштија студентите.
