Премиерот не ја дава фотелјата, СДСМ не прифаќа Влада на чело со Груевски!
Не прави отстапки од премиерското место. Вака може да се протолкува изјавата на премиерот Никола Груевски во интервју за Фајненшнл Тајмс.
Тој уште еднаш го потврди својот цврст став - „Граѓаните ќе кажат кој треба да влезе во Владата, а кој ќе биде опозиција. Немам намера да ги прифатам барањата за оставка“, вели Премиерот.
Она на што е подготвен е прифаќање на барањата на опозицијата да се распределат клучните позиции, но никако не прифаќа оставка.
Премиерот вели дека се подготвени да прифатат повеќе идеи од опозицијата кои би ја зголемиле довербата кон изборниот процес, и ги покани и набљудувачите на ОБСЕ и од секаде да дојдат и да видат дека се ќе било направено во фер и демократска атмосфера.
СДМС контра ставот на Груевски
На овој дециден став од СДСМ категорично велат дека нема да прифатат преодна влада на чело со актуелниот премиер.
„Ова е прашање за коешто треба дебело да се подзамислат слепите следбеници на Никола Груевски во Владата на Република Македонија и во раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Самиот Груевски им кажувал дека е спремен да ги жртвува било кои од нив, само да остане претседател на Владата на Република Македонија. СДСМ нема да прифати преодна влада којашто ќе биде раководена од Никола Груевски“, изјави портпаролот на опозицијата денеска.
Нова средба на лидерите
Во понделник повторно ќе се седне на преговарачка маса но овој пат без еврокомесарот Јоханес Хан.
Тој нема да присуствува на следната средба директно, но ќе биде постојано достапен.
Од негова страна беше поздравен договорот од пред една недела и тој на Груевски, Заев, Ахмети и Тачи им порача да го имплементираат дијалогот целосно и серизоно да ја сфатат кризата при што ќе најдат решение во најкраток можен рок.
