Премиерот најави три нови студентски домови, СДСМ пак не верува во ветувањата!
Наместо најавениот еден, премиерот Груевски денеска даде ново ветување за изградба на нови три студентски домови.
Локациите се дека два од нив ќе бидат изградени во Скопје, на местото на поранешните бараки на домот „Медицинар“, како и во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ додека пак еден ќе се изгради кај Државниот универзитет во Тетово.
На овие нови ветувања со реакција се јави опонентот на владеачката гарнитура, опозициската СДСМ.
Од оваа партија велат дека веќе 10 години Груевски ветува изградба на студентски домови.
„Истиот Никола Груевски кој не направи ништо за студентите денеска рече дека во изминатите 10 години барал локација за изградба на студентски домови.
Ако Груевски 10 години барал локација колку ли години ќе му требаат за да изгради нов студентски дом?
Груевски во изминатите 10 години не само што нема изградено ниту еден студентски дом туку за овој период реконструирани се само 200 студентски легла во домот Стив Наумов кој сместува 2.000 студенти. Тоа значи дека само 10 отсто од капацитет на домот е реконструиран за цели 10 години“, велат од СДСМ.
Од оваа партија велат дека ни за 100 години премиерот не можел да реконструира еден студентски дом а не да најавува нови.
Тие го прашаа премиерот кој го лаже, бидејќи студентите младите не му верувале туку го чекале неговото заминување.
