Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот на Србија „исчезна“, не дошол на работа

Премиерот на Србија „исчезна“, не дошол на работа

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ утрово не отишол во својот кабинет и ги откажал сите средби, пишува  српскиот весник „Блиц".

Сузана Василиевиќ,  медиумски советник на Вучиќ, потврди дека тој не се појавил на работа, но не можеше да ја посочи причината за тоа.

Останатите извори на весникот од српската влада, исто така не можеа да кажат дали станува збор за некакви изненадувачки државни дела, или отсуството на Вучиќ има врска со откривањето на оружје  во близина на домот на семејството на премиерот во Белград и информациите од истрагата дека станувало збор за план, чија цел била братот на премиерот, Андреј Вучиќ.

Српскиот премиер Александар Вучиќ често истакнува дека никогаш не си зема слободен ден или годишен одмор и ги повикува своите министри да го следат неговиот пример.


Слично

Поврзани вести