Премиерот на летување во Израел
На социјалните мрежи се појавија фотогафии од премиерот Никола Груевски, како се сонча на плажа.
Од Владата преку соопштение после фотографиите кои се раширија на Интернет, информираа дека премиерот е на неколкудневен годишен одмор со семејството во Израел, а кое место поточно не соопштуваат.
„Ве известуваме дека претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски заедно со своето семејство е на неколкудневен годишен одмор во државата Израел“, стои во соопштението.
На фотографиите, премиерот е сам а она што најмногу привлече коментари се очилата за сонце и костимот за капење.
Слично
