Премиерот ја потврдува сумата за отштета од Заев
Премиерот Никола Груевски денеска потврди дека бара отштета од лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој обелодени информации во врска со случајот „Македонска банка“.
„Да, тоа е точно. Ако Заев верува во тоа што го изнесе, нема потреба да се плаши, но мислам дека нема да излезе така, затоа што неговите наводи не се точни“, одговори денеска премиерот Никола Груевски на прашањето дали навистина поднесол тужба за клевета против лидерот на СДСМ Зоран Заев за изнесените наводи во врска со случајот „Македонска банка“, пишува Дојче Веле.
Мирослав Вујиќ, адвокатот на Заев рече дека првото рочиште е закажано за 19 јуни.
Слично
