Премиерот и министрите помалку трошеле за јадење и пиење во кафеани
16.184.264 денари е вкупната сума која властите ја потрошиле заслужбени трошоци.
Споредбено со првиот мониториран циклус по доаѓањето на власт на актуелната гарнитура трошоците биле високи 21.876.430 денар.
Тоа според шестмесечниот извештај значи дека 26 отсто помалку пари потрошиле премиерот, неговите заменици, министрите и нивните заменици , како и генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата за јадење и пиење во ресторани и кафеани во странство но и за услуги во мензите и рестораните кои се во склоп на институциите.
Трошоците, согласно извештајот се однесуваат на период од декември 2018 до мај 2019 споредбено крајот на ноември 2017 година.
Слично
