Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски на средби со бизнисмените во Калкута

Груевски на средби со бизнисмените во Калкута
Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски, која во моментов е во посета на Индија, денеска ќе ги претстави инвестициските можности на Македонија пред голем број компании во Калкута за каде се закажани и поголем број средби со претставници. Премиерот Никола Груевски вчера на поединечни средби со големи бизнис компании во Ченаи, Индија ги претстави можностите за инвестирање во Македонија. Дел од нив од областа на земјоделството и здравството изразија интерес инвестирање во земјава и ги анализираат можностите за правење бизнис. Можностите за инвестирање во земјава беа претставени и пред индиските бизнисмени во Џајпур и Ченаи, а во Ахмедабад владината делегација учествуваше и на глобалниот самит „Вибрант Гуџерат”. Сопствениците на големите индиски компании оценија дека  Македонија нуди поволни услови за инвестирање, добра инфраструктура, економски зони, добра даночна политика и дека стратегиски е добро лицирана.  
Слично

Поврзани вести