Премиерот Груевски без конкретен исказ за објавените материјали
По денешната средба со својот српски колега Александар Вучиќ премиерот во врска со последните случувања и објавени материјали од страна на опозицијата истакна дека најавил ваков период каде ќе се вадат такви работи и истакна дека не би коментирал ништо повеќе туку дека во наредниот период ќе излезе со поконкретни коментари.
„Најавив дека следи период каде што ќе се видат вакви работи, јас имав четири различни средби со господниот Заев на кои бев информиран дека тој во соработка со странски служби добил материјали кои ќе ги објави доколку не се формира техничка влада. Јас не го прифатив тоа и го замолив сé што има и сé што сака слободно да објави. Од тој аспект не би коментирал нешто повеќе, но во наредниот период ќе излезам со поконкретни коментари“, изјави премиерот по средбата со својот српски колега Александар Вучиќ.
