За излезот од рецесијата, клучни се две работи – големата поддршка на градежништвото и странските инвестиции, смета премиерот Груевски. Фокусот на градежништвото и на привлекување крупни мултинационални компании во услови на светска криза беа клучни за излез од рецесија на македонската економија, оцени премиерот Никола Груевски коментирајќи го растот на БДП од 0,2 проценти за третиот квартал од годинава што вчера го објави Државниот завод за статистика.
- Многу се фокусиравме на градежништвото и отворивме голем фронт на градежни работи иако не критикуваа зошто се гради ова или она, но тоа на некој начин ја влече економијата во овие години, првин на светска криза, а потоа и и на европска должничка криза. Втората значајна работа е што успеавме да привлечеме крупни компании што сега се главно моторна сила на економијата. Оваа година Џонсон Мети го зголемува извозот за 18 проценти, а Џонсон Контролс за 10 проценти. Планираат и следната година зголемување на извозот, укажа премиерот. Груевски го радува тоа што Македонија успеа да излезе од рецесија, во време кога голем број од државите во Европа се уште тонат во рецесија или некои од нив штотуку влегуваат,
- Успеавме да ги раздвижиме работите иако тоа не е доволно. Јас би сакал да биде уште повеќе и уште подобро и ќе работиме на тоа, изјави Груевски.
Освен градежништвото и привлекувањето крупни мултинационални компании, нагласи, и многу други активности и мерки на Владата и реформски движења со коишто се подобрени условите за водење бизнис и е помогнато на многу компании, биле важни за излез од рецесија во услови на светска криза.
- Се разбира има уште многу простор да се помага во иднина и ќе направиме се што е во наша моќ, ќе ги прибираме и прифаќаме сите добри идеи, но во овој период тоа беше носечка сила и главен мотор, посочи Груевски.
Еве какви стапки на раст имаа некои од другите европски држави во тертиот квартал од 2012 та година.

