Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот, двајца вицепремиери и двајца министри денеска кај Анѓушев во велешки „Брако“

Премиерот, двајца вицепремиери и двајца министри денеска кај Анѓушев во велешки „Брако“

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерите за економски прашања, Фатмир Битиќи, за борба против корупцијата и криминал Љупчо Николовски, како и министрите за економија Крешник Бектеши и за локална самоуправа Горан Милевски ќе присуствуваат денеска во велешки „Брако“. 

Во кругот на фабриката ќе бидат запознаени со првото возило на водороден погон во Европа, нов модел целосно развиен и произведен во земјава, под брендот „Грин машинс“, којшто е дел од компанијата „Брако“.

Покрај тоа, компанијата ќе го презентира и новиот погон, во којшто се вложени осум милиони евра.

На промоцијата најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев, како и  на Кочо Анѓушев, сопственик и претседател на бордот на директори на „Брако“.


Слично

Поврзани вести