Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот Димитриев не прифаќа одложување на изборите

Премиерот Димитриев не прифаќа одложување на изборите

За премиерот на преодната влада Емил Димитриев, неприфатливо е барањето на СДСМ за одложување на изборите.

Тој вели дека предвремените избори ќе се одржат на 24 април, бидејќи немало основа за какво било нивно одложување.

Димитриев рече дека во овој момент нема потреба од лидерска средба, иако СДСМ даде рок  до 24 февруари сите партии да се обидат да најдат начин Договорот од 2 јуни да преживее.

„Сега во моментов не ценам дека има некоја потреба за лидерска средба, бидејќи ние како политички партии имаме секојдневна комуникација и денеска тимовите разговараат по отворените прашања. Ако цениме дека има потреба од таква лидерска средба ќе ја направиме “-  рече Димитриев.

Ова го изјави премиерот при посетата на новата здравствена установа „Пет центар“ на која беше придружуван од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министерот за здравство, Никола Тодоров.

Слично

Поврзани вести