Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот Димитриев на литургија во Штип, Иванов во Скопје

Премиерот Димитриев на литургија во Штип, Иванов во Скопје
Премиерот Емил Димитриев присуствуваше на велигденска литургија во храмoт „Свети Никола“ во Штип,  а во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје беше шефот на државата, Ѓорѓе Иванов.

 Димитриев се надева дека по кризата, Македонија ќе заплива во мирни води.

 „Нека Христовото воскресение биде поука за сите нас дека само добрите дела, љубовта и разбирањето меѓу луѓето се нешто, кое што треба да го негуваме“ - рече Димитриев.
Иванов по повод Велигден порача дека треба да се чува Македонија.
„Да бидеме добри граѓани, добри родители деца, да шириме добрина. Во овие моменти најмногу ни` треба она што го посакува Велигден, меѓусебе да си простуваме и да се обединуваме, да бидеме единствени и да ја сакаме Македонија“ - кажа Иванов.
По повод празникот, и лидерот на СДСМ Зоран Заев упати честитка до поглаварот на МПЦ и до сите граѓани.
„Денеска, на овој голем ден, кога повеќе од вообичаено сме отворени за духовните вредности, почувствувајте, се случува Воскресение на слободата! Тоа е нашиот заеднички благослов за храброста, за определеноста, за трпението, за мудроста, за цврстината со коишто го препознавме и го одвоивме доброто од злото“ - се вели во честиката на Заев.
И лидерот на ДУИ, Али Ахмети го честиташе Велигден на граѓаните со желби за добро здравје и благосостојба.

Слично

Поврзани вести