ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ЕУ: Евростат објави каде состојбата е најлоша
Голем дел од Хрватите не работат прекувремено оваа година, покажуваат новите податоци на Евростат за вториот квартал.
Во вториот квартал од оваа година, речиси 11 проценти од вработените лица на возраст од 20 до 64 години во Eвропската Унија(ЕУ) работеле повеќе од 45 часа неделно на нивната главна и втора работа заедно.
Хрватска е во групата на пет земји од ЕУ со најнизок процент на луѓе кои работат прекувремено на нивните примарни и секундарни работни места. Во Бугарија, оваа бројка е само 2,5 проценти од вработените, во Латвија 4,1 процент, во Романија 5,9 проценти, во Унгарија 7 проценти, а во Хрватска 7,1 процент, пренесува Даница.хр.
Највисок удел на луѓе кои работат прекувремено е забележан во Грција (20,9 проценти), Кипар (16,6 проценти) и Малта (14,6 проценти). Ова се медитерански земји каде што туристичката сезона трае речиси цела година. Надвор од ЕУ, убедливо најголем број луѓе кои работат прекувремено има во Турција - дури 46 проценти.
Во Босна и Херцеговина, процентот на луѓе кои работат повеќе од 45 часа неделно е 19,1 процент, а во Србија е 24,6 проценти. За споредба, во Германија е 8,7 проценти.
foto freepik.com
