Преку оглас на АВРМ не може да најдете проститутка
Појавувањето на терминот „проститутка“ како дел од официјалните професии на веб страната на Агенцијата за вработување на Македонија го покренува прашањето како се нашол таму со оглед дека проституцијата во државата е нелегална. Терминот проститутка го има во апликацијата за електронско пријавување нови работни места „е-работа“ со опција да се огласи вработување на проститутка.
Од АВРМ појаснуваат дека станува збор за професија која е дел од националната класификација согласно европските стандарди но, таков оглас системот не би прифатил бијдеќи е нелегална. Последните иницијативи за легализација на проституцијата пропаднаа пред неколку години кога свој предлог имаа пратениците Нано Ружин, Самка Ибраимовски, Иван Анастасовски и Есад Рахиќ.
Денес легализирањето на проституцијата е табу тема за конзервативното македонско општество, па сигурно ќе ве зачуди фактот што Скопје меѓу двете светски војни имал десетина јавни куќи кои работеле легално. Бил воведен и „Чист понеделник“, единствен ден кога не работеле јавните куќи, а проститутките биле носени на прегледи и ја одржувале хигиената за да не се шират венерични болести.

Слично