Преку герила-акција граѓаните бараат вклучување во преговорите меѓу партиите!
Како што споменавме денеска политичките преговори од Пржино се преселија во резиденцијата на САД во Скопје.
Токму во пресрет на нивното одржување шарените револуционери со герила акција порачаа дека тие треба да бидат дел од преговарачкиот процес и дека тие се оние што ќе ја решат кризата.
На улицата пред куќата каде што живее амбасадорот на САД, Џес Бејли, тие со црн спреј испишаа „Граѓаните ќе ја решат кризата!“.
Граѓанскиот сектор бара вклучување во политичкиот преговори бидејќи како што велат, бараат да бидат присутни, но не да донесуваат одлуки, туку да бидат таму за да ги известуваат граѓаните, да го надгледуваат процесот и да нудат алтернативни решенија. Политиката не им припаѓа само на партиите, туку му припаѓа на граѓанинот, порачаа тие.
И НВО порача дека ако партиите одлучат нешто што ќе им биде на штета на граѓаните, ќе преземат порадикални мерки, но не насилни.
По герила акцијата се јавија од опозициската партија откаде велат дека тие поддржуваат активно вклучување на граѓанскиот сектор во преговарачкиот процес.
„СДСМ во континуитет ги поддржува барањата на граѓанските организации.Неопходна е транспарентност во преговарачкиот процес. Од тие причини постојано укажуваме дека е потребно активно вклучување на граѓанскиот сектор во преговарачкиот процес“, стои во соопштението на СДСМ.
