Преку електронски систем царината ќе ги намалува трошоците на компаниите
Царинската управа воведува нов електронски систем со кој ќе се врши електронско поднесување декларации, ќе се намали чекањето на граничните премини, намален број, ќе има поефикасни контроли и подобри резултати во наплатата на приходите.
Системот вреден околу 2,5 милиони евра, ќе стартува од мај идната година.
- Станува збор за еден од најважните софтвери што треба да го замени досегашниот застарен кој е на „стаклени нозе“ и не овозможува доволна проточност за навремено и брзо процесирање на царинските декларации. Со целосното компјутерско работење, економските оператори воопшто нема да користат хартија, електронски ќе ги поднесуваат декларациите што ќе значи помалку трошоци. Процесирањето ќе биде брзо, ефикасно и без застои како досега поради паѓање на системот, изјави директорот на Царинската управа пред денешната презентација Ванчо Каргов.
Според Каргов со новиот систем ќе се намали и даночното затајување. Се исполнуваат и условите за поврзување со царинските информатички информатички системи на ЕУ, а паралелно се развиваат уште два система, нов компјутеризиран транзитен систем за поврзување со царинските системи на ЕУ и Европската комисија, како и интегрирана тарифна околина за поврзување со тарифниот систем на ЕУ. Сите три системи се поврзани и заедно чинат околу 10 милиони евра.
