Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прекршен законот, работници од културата не добиле исплата за работа во недела

Прекршен законот, работници од културата не добиле исплата за работа во недела

Синдикатот на културата соопшти дека институциите каде што е веќе исплатена платата за јануари, не ги почитувале измените во Законот за работни односи, па така работата на одредени категории на вработени која што се одвива во недела не е исплатена.

СКРМ смета дека ова е грубо прекршување на Законот за работни односи од страна на Министерството за култура и дел од институциите.

„ Поради тоа, итно бараме јавно објаснување од страна на Министерството за култура зошто се прекршува Законот за работни односи и кога и како ќе биде надминат проблемот со недела како неработен ден. Исто така, бараме од Министерството да утврди одговорност кај сите директори на институциите кои го прекршиле Законот за работни односи. Во спротивно, СКРМ ќе започне правни постапки за заштита на правата на вработените во културата“ пишува во реакцијата на синдикатот.

Од таму додаваат дека дел од институциите од културата не исплатиле плата за месец јануари, поради тоа, како што велат од таму, институциите и министерството не можат да се снајдат со процесирањето на  последните измени за недела како неработен ден.



Слично

Поврзани вести