Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прекината програмата на грчката ЕРТ, вработените повикаа на масовен штрајк

Прекината програмата на грчката ЕРТ, вработените повикаа на масовен штрајк

Од синоќа прекина емитувањето на програма на државната грчка компанија за радио и телевизија ЕРТ.

Владата на Грција вчера соопшти дека ќе биде прекинато времено емитувањето програми на националната телевизија и радио заради економски мерки. Владин портпарол изјави дека компанијата трошела премногу средства, страдала од корупција и лош менаџмент.

Вработените во грчката државна радио и телевизија ЕРТ денеска пак повикаа на протести пред зградата на медиумот во Атина.

– Ги покануваме сите на митинг пред зградата на радиото и телевизијата, бидејќи борбата против отпуштањето од работа и невработеноста треба да биде заедничка, се вели во пораката на вработените во ЕРТ на Фејсбук.

Штрајк е закажан денеска и во приватни радио-телевизискаи канали и во националната агенција АНА-МПА.

Унијата на новинари од Атина соопшти дека „по непријателското и варварско вмешување на трипартиската Влада да ја затвори ЕРТ, новинарските сојузи одлучиле да почнат со непрекинати акции со штрајк во сите приватни радио-телевизиски канали“.

Демонстрантите тврдат дека одлуката за затворање на државната радио и телевизија била донесена лично од премиерот Андонис Самарас. Од утре штрајк почнуваат и вработените во сите весници во Грција.

Слично

Поврзани вести