Преговорите завршија – договор сепак нема
Работните групи на партиите потписнички на договорот од Пржино ја напуштија резиденцијата на американскиот амбасадор, Џес Бејли на Водно.
Договор и денеска не е постигнат. По завршување на денешните преговори, Бејли во изјава за медиумите рече дека очекува решение за кризата да биде постигнато до крајот на оваа недела.
Партиите деновиве повторуваа дека не отстапуваат од своите позиции.
Вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров, кој учествува во преговорите денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ бара оневозможување на масовни партиски промени и чистки во МВР.
Од СДСМ сметаат дека министерот за внатрешни работи мора да има полни интегренции.
Граѓанските здруженија, своите барања за учество во преговорите, денеска ги искажаа пред американската резиденција со пораката „Граѓаните ќе ја решат кризата“.
Со денови се преговара, но конечен договор меѓу партиите нема.
Како можен датум за избори се споменува и 11 декември.
