Преговорите завршија, договор меѓу партиите нема ниту денес
Пред малку завршија преговорите на политичките партии со дипломатите кои денеска се одржуваа во Клубот на пратеници.
„Договор нема, преговорите ќе продолжат утре“, изјави кратко амбасадор на САД во земјава Џес Бејли.
Засега партиите не отстапуваат од своите ставови. Дискусиите за мандатот на преодната Влада и надлежностите на министерот за внатрешни работи ќе продолжат утре.
Не стивнуваат ни партиските меѓусебни обвинувања.
Радмила Шеќеринска од СДСМ вели дека ВМРО-ДПМНЕ бега од фер избори, а Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ смета дека досега неговата партија правела отстапки.
Слично
