Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преговорите за новата Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преминуваат кон втората фаза

Преговорите за новата Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преминуваат кон втората фаза

Абдилаќим Адеми потврдува дека преговорите околу усогласувањето на политичките програми меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ завршиле и почнала втората фаза од преговорите. Во неа се зборува за распределбата на функциите и за можните имиња.

Тој за Алсат-м рече дека преговорите за платформата  се завршени. Сега се преговара втората фаза околу поделбата на функциите и околу позициите во Владата. Набргу јавноста ќе биде известана и за конечниот договор”.

Разни медиуми шпекулираат дека е можно да се работи за можни имиња на министри, но Адеми та го негира.

Според информации од двете партии, не се очекуваат многу промени во ресорите кои досега ги водеа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Поради непризнавањето на шефот на државата, ДУИ ќе се откаже од Министерството за одбрана и за возврат ќе го преземе Министерството за труд и социјална политика.

Извор: Алсат-М

Слично

Поврзани вести