Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преговорите за медиумите не можат да продолжат

Преговорите за медиумите не можат да продолжат
Преговорите за реформи во медиумите со политичките работни групи не е возможно да продолжат како што досега се одвиваа. За ова денеска јавноста ја информираше европскиот посредник во преговорите, Питер Ванхауте. „Ве известуваме дека во овој момент за жал не е возможно да продолжат средби за медиумите во форматот во кој до сега се одвиваа преговорите, каде се обидувавме да постигнеме консензус по различните предлог-амандмани. Во секој случај, се уште разгледуваме различни алтернативни опции за да се дојде до согласност помеѓу релевантните страни“ - се наведува во соопштението од Канцеларијата на Ванхауте.  
Слично

Поврзани вести