Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преговорите во застој, времето тече – ќе има ли решение за изборен модел?

Преговорите во застој, времето тече – ќе има ли решение за изборен модел?

И покрај предупредувањата на меѓународната заедница што поскоро да се решат прашањата со избрната регулатива, нема напредок во преговорите на работните групи.

Гласањето на дијаспората, прочистување на избирачкиот список како и функционирањето на ДИК се прашањата околу кои заглавија преговорите, прашања кои треба да бидат решени до 20 октомври, но работата тешко оди барем засега.

Вчерашните преговори завршија безуспешно и покрај меѓународниот олеснувач Питер Ванхојт и се очекува истите да бидат продолжени во текот на денешниот ден.

Рокот за овој дел од пакетот реформи според договорот од Пржино беше 6 октомври а политичките партии не можат да се усогласат околу гласањето на дијаспората и надлежностите на ДИК.

Гласот на дијаспората најголем проблем

Оптимизмот за миг беше присутен во јавноста кога опозицискиот лидер пред три дена истакна дека се близу до договор .

Категорично, опозицискиот лидер изјави дека во СДСМ нема став дијаспората да не гласа.

„Нашиот предлог е да има цензус и да се бира пратеник со исто онолку гласови колку што се бира во Македонија. Или, гласовите на нашинците коишто гласаат во дијаспората, да влезат овде во една изборна единица или во колку и да се на крајот изборни единици, и на тој начин да добијат ист, еднаков третман со гласот на граѓаните, без разлика дали се работи за граѓани во Македонија или граѓани, наши Македонци коишто живеат во дијаспората.

Власта пак по ова прашање смета дека треба да остане правото на глас на дијаспората, бидејќи таа била  нераскинлив дел од македонското ткиво и силен подржувач на државата.

„Не е поентата само тие да гласаат и нивните гласови да се разлеат во многуте гласови во Македонија и тие да немаат свој пратеник. Не е само прашањето дали ќе го задржат правото на глас, туку дали ќе имаат свој пратеник преку којшто ќе ги искажуваат своите ставови, предлози и проблеми. Тоа не смее да им се одземе”- смета Груевски.

Зошто треба да се укине изборот на пратеници од дијаспората?

Институтот за истражување на политики и добро владеење предлага неколку причини зошто треба да се укине изборот на пратеници од дијаспората.

Оваа непрофитна тинк-тенк организација направи и анализа за трошоците за избор на пратеици од дијаспората после изборите во 2011.

Првата причина за укинување на изборот на пратеници од дијаспората е токму поради економските импликации. Анализите на институтот покажале дека трите мандати на дијаспората чинеле колку една четвртина од 120 пратеници во државата.

Како втора причина е наведена нееднаквоста на правото на глас,поради ограничената можност да се гласа само во дипломатско конзуларните претставништва.

Од Институтот препорачуваа ако дијаспората гласа, тоа да се прави на поефикасен начин как на пример, гласање преку пошта, интернет или пак да се промени законот и да им се гарантира мандати без да се спроведуваат изборите со предлог од политичките партии.

Оваа недела е од исклучително значење за партиите, и додека  не се реши проблемот со изборната регулатива нема да се расправа за  медиумите и судството, како и за законите за „бомбите“ и за „свиркачите“. А за неколку дена ќе мора да се изберат министри за внатрешни работи и труд и социјала од редовите на опозицијата.

Слично

Поврзани вести