Преговорите во Пржино траат, ќе има ли договор вечерва?
Преговорите во Пржино се во тек, откако имаше пауза за работните групи за консултации.
Неизвесно е дали вечерва ќе има договор меѓу партиите за излез од кризата. Се дискутира за медиумите, прочистување на избирачкиот список, датум за избори. Како можен термин за одржување на избори се споменува ноември, секако ако претходно се обезбедат услови за фер избори.
Дел до медиумите објавија дека се разговарало и за формирање на специјални одделенија кои ќе ги процесуираат предметите на СЈО.
На преговарачка маса се Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Имер Алиу од ДПА и Артан Груби од ДУИ.
На разговорите присуствуваат и амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.
И вчера и денеска преговорите траат со часови.
