Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преговорите во Брисел за премиерот неуспешни, ВМРО подготвени за избори во секој момент

Преговорите во Брисел за премиерот неуспешни, ВМРО подготвени за избори во секој момент

Заклучокот на премиерот Никола Груевски за последните бриселски преговори со политичките лидери на четирите најголеми партии е дека биле неуспешни.

Премиерот истакна дека не прифатиле техничка ниту слична влада, а она што се случувало биле различни идеи на луѓето кои според премиерот сакале да и помогнат на Македонија, а кои Заев ги одбил сите.

-За мене тоа не е успех, истакнува Груевски, напоменувајќи дека работите според него не се движеле во позитивен правец, како штоизјави пак опозицискиот лидер.

- Ако за него позитивен правец е да се кочат преговорите, да завршуваат со неуспех и со тоа да се прави штета на Македонија, пред се на македонската економија, на отворањето на нови работни места, на привлекување инвеститори, штета на имиџот на државата, тогаш тоа е своевиден успех што тој го доживува како успех. Јас не го доживувам како успех, рече Груевски.

Премиерот вели дека на крај се се свело на еден предлог кој тој го одбил, и истакна надеж за продолжување на преговорите.

Она што е интересно да се напомене, а што го истакна премиерот е подготвеноста на владеачката гарнитура за исборно соочување во секој момент.

- Дали СДСМ би сакал да бидат сега, веднаш т.е. кон крајот на јули, бидејќи законски е да се имаат минимум 45 денови за организирање избори, или ако сакаат во август, септември, ноември или во април следната година. Ние веруваме во она што го работиме и веруваме дека граѓаните тоа го почитуваат, го ценат, следат и дека повторно ќе добиеме убедливо мнозинство и поддршка од граѓаните на Република Македонија, истакна Груевски.

Слично

Поврзани вести