Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преговорите уште траат, Груевски ќе се повлече неколку месеци пред изборите?

Преговорите уште траат, Груевски ќе се повлече неколку месеци пред изборите?
Веќе неколку часа како траат преговорите во Брисел меѓу ВМРО - ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ДУИ со посредство на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан а се очекува разговорите да продолжат до доцна вечерва, пренесува 24 вести. Како што пренесува овој медиум, според информациите од Брисел, форматот на преговори постојано се менува, со тоа што во собата постојано се Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи, Али Ахмети, комесарот Хан и известувачот за Македонија од Европскито парламент, Иво Вајгл. По заедничкиот ручек на сите преговарачи и олеснувачи, попладнево во салата за преговори присутни се и амбасадорите на Европската унија и Соединетите Американски Држави во Скопје, Аиво Орав и Џес Бејли. Официјални информации околу текот на разговорите за сега нема. Пред состанокот неофицијално се најавуваше дека ќе се договараат принципите, а потоа, според за сега неофицијални информации, и дека ќе се разговара и за деталите за транзицискиот период до изборите во април идната година. Дипломатски извори брифираат дека на маса е  предлог измена на изборниот законик - три до 6 месеци пред избори претседател на политичка партија да не може да ја извршува функцијата претседател на влада. Токму временскиот период на условно повлекување од функцијата премиер, дополнително се преговара, бидејќи според истите извори, за власта се доволни три додека за опозицијата се потребни шест месеци. Ова би значело дека додека се стигне до периодот на повлекување, министерски места во владата би држеле претставници на сите партии. Целиот текст на овој линк.
Слично

Поврзани вести