Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преговорите стојат во место-Ванхауте во Брисел по консултации!

Преговорите стојат во место-Ванхауте во Брисел по консултации!

Преговорите меѓу политичките партии се без напредок.

Засега нема договор за прашањето на надлежностите до изборите на членовите на Владата - кои ќе ги имаат министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика и нивните заменици кои ќе се бираат по предлог на опозицијата, односно власта и чиј изборен рок беше пробиен и сега ги чека одговорите од партиите, а белгискиот олеснувач доцна синоќа, после билатералните средби со партиите заминал во Брисел.

Засега не се знае кога Ванхауте ќе се врати во Македонија, а дел од медиумите брифираат дека тој бил крајно разочаран од политичките лидери и нивните преговарачки тимови и целото одвивање на настаните.

И покрај сите предупредувања, пораки и „шамари“ од меѓународната заедница и европските олеснувачи  досегашните одделни средби на партиите со медијаторот Ванхауте се безуспешни и нема промени во ставовите на партиите.

Најавуваната заедничка лидерска средба за деновиве се’ уште не е одржана и партиите засега не е познато дали барем малку ги приближиле далечните ставови.

Извештајот е скроен-На петти ноември или ќе не огрее сонце или ќе ни се затворат вратите кон ЕУ

Европската унија најверојатно на 5 Ноември ќе го соопшти новиот извештај за напредок на земјава.

Засега прогнозите се различни. Она што го пренесуваат дел од медиумите е дека Македонија ќе добие условна препорака поради политичката криза.

A условот ќе биде имплементација на договорот од Пржино, а можно е и да добиеме нов извештај токму за овој договор во текот на првата половина од следната година.

Берлин загрижен за Договорот од Пржино

Разочарување и загриженост пред неколку дена пристигнаа и од Германија.

Остри пораки до македонските политичари упатени директно од германската влада до македонскиот амбасадор во Берлин Сашо Марковски.

Преку соопштение  Ернст Рајхел им порачал на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да покажат конструктивност и да го имплементираат договорот, а досегашното о спроведување на договорот од Пржино за германската влада не е задоволително.

Оттаму побарале волја и брзи решенија како и конструктивност од владеачката гарнитура, додека од СДСМ побарале да не објавува понатамошни снимки од телефонски разговори.

Слично

Поврзани вести