Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ОДДЕЛНО: Каков договор падна синоќа?

ПРЕГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ОДДЕЛНО: Каков договор падна синоќа?

Лидерите на четирите најголеми партии на синоќешната средба со меѓународните олеснувачи договорија преговорите да продолжат во текот на деншниот ден на билатерално ниво и покрај синоќешната безуспешна средба која заврши без договор.

Белгискиот преговарач Петер Ванхауте најпрво ќе има одделни средби со секоја партија , па потоа ќе има заедничка средба која засега е неизвесно кога ќе се случи.

Вчерашните преговори почнаа под силен странски мониторинг откако пет западни амбасадори на премиерот Груевски, во Владата, како што рекоа му ја пренесоа пораката од ЕУ и САД, дека договор мора да има.

ЕУ ЌЕ ЈА ИЗОЛИРА МАКЕДОНИЈА

Ако нема позитивен исход од наредните билатерални средби и договор од Пржино, Македонија ќе се соочи со изолација како што се случи со Белорусија.

Ако политичките партии не успеат да се договорат околу отворените прашања, се доведуваат во прашање парламентарните избори закажани за 24 април следната година. Без спогодба на властите во Скопје им се заканува замрзнување на сметките и ставање на „црната листа“ некои личности.

Сите опции се отворени. Треба да погледнете што им се случи ан некои земји во минатотот, не само во регионот, туку и пошироко. На пример Белорусија-рече Питер Ванхауте и додаде:

-Ако до почетокот на ноември не се формира Државна изборна комисија и не се реализираат законите за избори и специјален обвинител, ќе се доведе во прашање одржување на изборите.

Ванхауте предупреди дека безбедносната состојба во Македонија е загроздна иако не постои меѓунационален проблем. Опозицијата ја обвини владеачката ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски за опструкција на преговорите.

Слично

Поврзани вести